Сексоманија – секс во текот на спиењето!

popara4 јули, 20121min00
seksomanija2

Дали некогаш до сега сте слушнале за сексоманија? Ако помисливте дека е во прашање некоја нова поза во сексот, се лажете. Се работи за нарушување во спиењето предизвикано од ненадеен наплив на сексуалната желба. Сеуште не ви е јасно на што мислам?

Ноќ е. Мирно спиете и кога одеднаш се тргате од сонот и гледате дека вашиот сакан лежи на вас и нежно ве допира. Потоа следи неверојатен секс и вие во моментот помислувате дека сте толку неодоливи што неможе дури во текот на ноќта да се воздржи, а потоа сфаќате дека тој во утринските часови на ништо не се сеќава. Значи, дали ова ви е пзонато?

Сексоманијата повеќе од три пати се јавува кај мажите отколку кај жените, а утврдено е дека од неа страдаат скоро 10% од луѓето кои генерално имаат проблем со сонот.

Некои сметаат дека животот со партнерот кој има ваков проблем може да биде многу возбудлив, бидејќи додека е во несвесна состојба, вие може да експериментирате и така да проверите што всушност тој сака во сексот, а што не. За време на ваквите моменти вие ги избирате позите, па секогаш можете ги изберете оние кои најмногу ве возбудуваат.

Меѓутоа, сексоманијата сепак има многу недостатоци. Ако вашиот партнер има сексоманија, никако не му дозволувајте да заспие до било кој друг освен покрај вас. Дури ни покрај пријател од ист пол, бидејќи личноста со ваков проблем не е свесна што прави во тој момент и сака секс по секоја цена. Така што, колку и да изгледа интересно од една страна, сексоманијата сепак треба да се гледа како пореметување и никако не треба да се двоумите за да се обратите на доктор ако го забележите овој проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma