Ким повторно планира брак?!

popara5 јули, 20121min01
ким

Покрај по реалното шоу, Ким е позната по кратките бракови. Сепак, изгледа дека конечно си ја пронашла среќата.

Ким Кардашијанне се откажува од љубовта, а изгледа и дека наишла на својот идеален партнер. Ким ја краси насловната страна на магазинот  InStyle, а во интервјуто ја открила и тајната за добриот однос со раперот Кание Вест. Тврди дека клучот на нивниот однос е во пријателството. “Ние знаеме дека си значиме еден на друг. Бевме со години добри пријатели и започнавме така”, изјавила Ким.

Каде и да се појави, Ким привлекува внимание. Особено тешко и прифатила периодот откако објавила дека се разведува по 72 дена во брак со кошаркарот Крис Хамфрис. “Секој би сакал да продолжи со својот живот и да научи нешто од сопствените грешки”, изјавила познатата реалити ѕвезда. “Отсекогаш брзо се заљубував. Со секој свој дечко планирам венчавка во својата глава. Тешко ми е да одам полека. Верувам во љубов. Не секогаш бев среќна во неа, но сеуште верувам”, додава таа.

Ким не сокрива дека сака да биде мајка. “Сакам да бидам во брак и да имам деца. Но, доколку тоа не се случи, би направила се по сопствени услови”, изјавила Ким. Со голем број фанови, ѕвездата ги игнорира критичарите. “Повеќе не се грижам, секогаш ќе има и од оние кои не ме сакаат”, заклучува Ким.

One comment

  • Kristijan

    5 јули, 2012 at 17:22

    Kimje! Da se nadevame deka ke potrae…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma