Шарм Ел Шеик, Египет – Благородничка дестинација за волшебни мигови !!!

popara6 јули, 20122min00
1 (9)

Комбинацијата на сонце, море и песок, луксузни хотели, фантастичен шопинг, весели забави на секој чекор и разновидни спортови на вода… Сето тоа зачинето со „ арапски ноти “ е сликата која Ве очекува на првото запознавање со Шарм Ел Шеик.

Ова место е идеално за страствените нуркачи, вљубениците во голф и семејствата кои посакуваат безгрижен одмор. Кристално чистото море, односно подводниот свет со шарени рипчиња и корални гребени, ова место го прават единствено.

Посетата на природните убавини, како: поморскиот парк Ras Mohamed, кои ќе Ве воодушеват со чистата и недопрена природа, џип – сафарито кое ќе Ве прошета низ бедуинските населби во пустините, прошетките со величествените камили… Сето тоа е само мал дел кој задолжително мора да го остварите доколку се одлучите за ова неверојатно место..

Доколку се одлучите малку подобро да ја запознаете културата и историјата на Египет, задолжително посетете го манастирот Св. Катерина и главниот град на Египет – Каиро, динамичната метропола и градот на величествени пирамиди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma