Пожарот го зафатил третиот спрат од зградата каде се наоѓала неговата агенција за недвижности.
Кинескиот милионер Џу Џијанг загинал спасувајќи ги своите вработени од пожарот кој избувнал на третиот спрат каде се наоѓала неговата фирма.
Тој и повеќето од работниците живееле во истата таа зграда.
Пожарот избувнал во сред ноќ и го разбудил младиот милионер кој имал само 28 години. Тој истрчал надвор, но по неколку секудни решил да се врати и да ги извлече своите вработени.
Успеал да спаси осум лица, но на крај тој се задушил од димот.