Одговори на непријатни прашања во врска со сексуалните инфекции

popara29 август, 20151min00
16

За конкретните проблеми поврзани со сексуално преносливи болести ретко кој зборува, па дури и пред лекарите, бидејќи се поврзани со интимните односи.

Мислам дека имам кламидија. Кои се симптомите?

Појавата на жолто-зеленикав густ секрет и печење за време на уринирање. Но овие знаци не се секогаш присутни, затоа тестирајте се редовно.

Во врска сум со дечко веќе подолго време, а скоро ми дијагностицираа присуство на ХПВ (хуман папилома вирус). Дали тоа значи дека мојот дечко ме изневерил?

Не. Можно е да сте се заразиле пред неколку години, а дури сега инфекцијата да се појавува.

По колку време од сексот се појавуваат првите симптоми на сексуално преносливи болести?

Сексуално преносливите болести чии причинители се бактерии можат да ги покажат првите симптоми после неколку недели, додека кај вирусите тој период може да трае една година, па и подолго. Но сексуално преносливите болести често немаат никакви симптоми.

Слушнав приказни дека со јогурт може да се излечи габична инфекција. Дали тоа е точно?

Ако нанесете јогурт (со активни култури) на тампон, ќе ги намалите симптомите на инфекција, но нема да ја излечите.

Мојот дечко има херпес. Дали и јас ќе го добијам?

Немора да значи. Намалете го ризикот на минимум со тоа што секогаш за време на односот ќе користите кондом, апстинирајте која херпесот ќе избие и вашиот дечко редовно нека пие е антивирусни лекови.

Ако секогаш за време на сексот користам кондом, дали има потреба да се тестирам за сексуално преносливи болести?

Тестирајте се секои шест месеци за кламидија, гонореја и ХИВ, бидејќи кондомите не обезбедуваат целосна заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag