Високите температури наложуваат да носите фустани, шорцеви и здолништа. Но потребно е да имате убави нозе.
Слабите тенки нозе не се секогаш гаранција за добар изглед, па затоа обидете се на друг начин да ги разубавите своите нозе и самоуверено да чекорите.
Покрај вежбањето кое мора да го практикувате, за убаво нозе потребно е да ги изберете и правилните препарати и третмани.
Еве како до идеална форма на нозете:
Време е за вежбање – склекови, клекни стани вежби, возење точа, ролерки се само некои од физичките активности кои ќе ви помогнат да имате убави нозе. Сепак треба да запомнете дека треба да вежбате преку целата година за да има ефект, не само еден месец пред заминување на летен одмор.
Совети за нега на нозе – отстранување на влакната, антицелулитни третмани, масажи, правилна исхрана се нешто што треба да го правите преку целата година. Додека се бањата исто така еднаш неделно правете си пилинг, а потоа масирајте се со крема за тело. Секако за крај немојте да заборавите на педикирот. Ако ве мрзи да се лакирате најдобро е да го направите познатиот „френч“ кој одговара на се.