Компнјутерите на Windows 8 ќе започнат да се продаваат од октомври месец, барем така најавија од Microsoft, а точниот датум не беше прецизиран.
Есента 2012 е термин резервиран за новиот оперативен систем, а многу медиуми пишуваат дека оваа верзија е најочекуваната од 1995 година.
За производителите на компјутери овој оперативен систем ќе биде достапен од август месец.
Windows 8 ќе донесе бројни промени, а верзијата ќе биде прилагодена и на таблет уредите. Ќе биде достапен на 231 пазари и на 109 јазици.