Макарска, Хрватска – туристичка приказна раскажана со многу емоции !!!

popara10 јули, 20122min00
457irk

Невозможно е да не Ве совладаат емоциите во местото во кое сé е толку совршено…

Станува збор за Макарска, административен, културен и просветен центар на Макарското приземје… Од 20 век, познато туристичко место, кое со својата посебна убавина, привлекува туристи од целиот свет.

Денес, Макарска е град со 15.000 жители, место во кое се наоѓаат сликовитите населби Велико Брдо, Пухаричи, Котишина и Макар, населбата од која што ова место го добило името. Причините поради кои Макарска се прослави во туризмот се повеќе. Освен со убавина, може да се пофали и со интересни природни и климатски карактеристики, многубројни туристички понуди и гостољубиви домаќини…

Она што особено ќе го привлече Вашето внимание е песочната и сончева плажа, долга околу 2 километри. Шеталишта, удобни хотели, угостителски објекти со гастрономски специјалитети,забава за сите возрасти. На брегот се наоѓа прекрасниот музеј и црквата св.Филип. Во паркот Св. Петар, се наоѓа возобновената црква Св. Петар, од која што се овозможува прекрасен поглед.

Погледнете зошто Макарска стана дестинација кон која сите се упатуваат…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag