Режисерското деби на убавата актерка наиде истовремено на позитивни и негативни критики. По ” Во земјата на крв и мед” Анџелина размислува за Авганистан и ново сценарио.
Познатата актерка и режисерка Анџелина Џоли не ја исклучила можноста, иако нема режисерско искуство, наскоро да се насочи на уште еден филм. Таа кажала дека многу научила од искуството со Босна и Херцеговина, каде го снимила своето режисерско деби “Во земјата на крв и мед” кој се занимава со војната во Босна. Сега, како што вели, е заинтересирана за земја како Авганистан.