Иако поминати се сто години откако е измислен вибраторот се уште постојат многу заблуди поврзани со секси играчките. Докторката Лаура Берман одлучила да проговори за предрасудите кои ги имаат луѓето поврзани за секс играчките.
Секс играчките се за самците – луѓето често мислат дека вибраторите се наменети само за оние кои се сингл и немаат партнер. Но според едно истражување дури 78% од жените кои се во врска користат вибратори, истакнала докторката.
Ако користите вибратор тоа значи дека вашиот сексуален живот не е добар – вистината е сосема обратна. Жените кои често користат секс играчи и почесто доживуваат оргазам.
Мора да одите во секс шоп за да купите играчки – ако ви е непријатно да одите во секс шоп, барем сега има разни начини да дојдете до нив без да бидете фатени од некого. Постојат многу интернет понуди и можете да купите онлајн.