Alfa Romeo Roadster кој тој производител планира да го развие во соработка со Мазда и чија премиера се очекува во 2014 година, најверојатно ќе го добие името Duetto.
Компаниите Mazda и FIAT соопштија кон крајот на мај дека планираат заеднички развој и производство на нов спортски модел во рамките на марките Мазда и Алфа Ромео.
Италијанската верзија најверојатно ќе го носи името Duetto, а ќе го движи 1.8 литарски турбо мотор со 253КС.
За дизајнот на автомобилот се уште се шпекулира, а според шпекулациите Алфа Ромео планира да почне да го произведува овој автомобил во 2015 година.