Шминката знае да е чудо, но понекогаш постојаното нејзино нанесување и симнување навистина заморува. Ослонувањето на природната убавина може навистина да ви заштеди пари од скапа козметика и шминки. Затоа, доколку сакате да изгледате убаво без шминка, следете ги понудените совети:
Прво и најважно е да имате добар сон. Осум часа непречено спиење ќе ги елиминира подочниците или кои било други потемнети делови околу очите.
Свежата вода исто така е препорачлива за да се отстранатат потемнетите делови на лицето. Како за утринско будење, така и за освежување во текот на денот, плиснувањето млаз свежа вода ќе делува благотворно за вашето лице и изглед.
Редовното чистење и хидратизирање на кожата е неопходно за таа да биде доволна да изгледате убаво и без шминка. Доколку сепак се одлучите да користите шминка, не заборавајте да ја симнете пред легнување бидејќи во спротивно кожата ќе постане безживотна и ќе го изгуби својот сјај.
Пиењето вода ја одржува вашата кожа влажна и мека. Освен ѕвездите, и експертите препорачуваат пиење голема количина на обична вода секој ден за да се отстранат сите токсини во организмот. Тука секако важна е и здравата исхрана која има директно влијание врз кожата.
Заштитата од сонце треба да се практикува секој ден, без разлика дали е лето или зима, дали носите шминка или не. Тоа се должи на штетното влијание на околината, особено на сонцето кое со своето зрачење ја старее кожата. Добра идеја е да се носат очила за сонце и во лето и во зима за да се избегне појавување на брчки околу очите.
За да изгледате убаво и без шминка, потребна е грижа и за некои додатни елементи на лицето. Така, добро обликувани веѓи секогаш делуваат уредно и дотерано, а исто така и користењето на свиткувач за трепки не е грев.
Здравата, чиста и средена коса допринесува за убав изглед и без шминка, како што делува и обичниот балзам за усни.
Како што можете да забележите, лошите навики имаат лошо влијание на здравјето и на кожата, па одвикнувањето од нив претставува огромен чекор до убав изглед и без шминка!