Колку време трае заљубеноста?

popara16 јули, 20121min00
zaljubeni

Заљубеноста е привремен хормонален дисбаланс

Познато е дека заљубеноста е состојба на хормонален дисбаланс. Кога некој е заљубен, кај него настануваат такви промени во мозокот, што дејствуваат како еден вид на природна дрога. Кај заљубените, мозокот лачи тестостерон, естроген, допамин, норепинфрин, серотонин и окситицин. Овие хормони предизвикуваат несекојдневни чувства на задоволство и приврзаност, а знаат и да предизвикаат губење на апетитот и несоница. Оваа привремена состојба, максимум трае помеѓу една ипол и три години.

Љубовта е идеализирана ментална проекција

Можеби звучи чудно, но љубовта е ментална врска со самите себеси. Преку заљубеноста мозокот прави идеализирана проекција на личност која ја познавате или ја замислувате.  Емотивната приврзаност не е субјективна проекција, за разлика од заљубеноста. Таа е реално чувство, поврзаност со личност што ја сакаме и прифаќаме со сите доблести и маани.

Докажано е дека заљубеноста е првото чувство од спектарот на љубовта кое ја доживува детето. Подоцна, ги бираме партнерите врз основа на приврзаноста кон одредени луѓе во детството. Во голем број случаи, луѓето се заљубуваат во луѓе кои имаат слични особни како некој од нивните родители.

Љубов и врска се тотално различни термини

Треба да се разграничи дека љубовта (заљубеноста) и врска со некого се целосно различни поими. Заљубеноста дејствува како краткотрајна екстаза, а потоа може да созрее во вистинска и долготрајна љубов. Таа љубов може да настапи само доколку сте подготвени да ја прифатите некоја личност целосно каква што е.

Да се биде во врска е свесна одлука. Свесниот дел од мозокот одлучува да се остане во заедница со некој кој не мора да значи дека е неопходен за опстанок. Кај зрелите врски, љубовта ја надминува фазата на краткотрајна хемиска реакција и преоѓа во долготрајна состојба на умот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma