Веројатно веќе знаете дека борбата со брчките почнува кон средината на 20-тите години од животот. Има неколку едноставни совети кои треба да ги следите за да ја спречите нивната појава.
Користете креми со заштитен фактор – добрата крема за анти стареење треба да содржи и SPF 15 како заштита од сонцето, кое влијае за побрзото појавување на брчки.
Престанете да пушите – пушењето го одзема кисолродот и хранливите материи, а го зголемува бројот на слободни радикали во келтките на организмот.
Јадете хранливи состојки – многу вода, чај, овошје и зеленчук се работите кои мора секојдневно да ги внесувате. Храната која е богата со антиоскиданси, витамини и минерали е добра во борбата со брчките.
Избегнувајте го стресот – ако често сте под стрес треба да вежбате јога, да пешачите или да медитирате. Секој стрес испушта моќен хормон кортизол кој го поттикнува стареењето.
Користете навлажнувачи за кожа – нивниот корисен ефект ќе ја хидратира кожата и ќе ја омекне.