Открива се повеќе детали: Биле во страсна врска две години!

popara16 јули, 20121min00
andjelina joli

Излегуваат се повеќе детали околу контроверзната нова биографија на легендарниот бенд кој слави половина век од своето постоење.

Нема ништо позаводливо од прекрасна жена која му припаѓа на друг, барем ако тогаш се прашувал Мик Џегер, фронтменот на Ролинг Стоунс. Барем така тврди Кристофер Андерсен во својата книга ‘Mick: The Wild Life and Mad Genius of Jagger’.

Додека бил во брак со Џери Хол, со која има 4 деца, Мик често имал авантурички на страна. Џери неколку пати му претела со развод, но секој пат ја примала ѕвездата на Ролинг Стоунс назад во заедничкиот дом откако ќе ја опсипувал со скапи подароци, цвеќиња и љубовни пораки.

Некое време се чинело дека се е во ред во нивниот однос, но кога Мик дошол на снимањето на спотот ‘Anybody Seen My Baby’, таму ја забележал, тогаш непознатата убавица која глумела стриптизета во видеото. Тоа била Анџелина Џоли. “Малку ме исплаши на почетокот. Тоа го сакам!”, изјавил тогаш Мик Џегер.

Џоли набрзо се омажила за актерот Џони Ли Милер, но веќе имала афера со Тимоти Хатон. Мик многу брзо почнал да ја опседнува Анџелина и да и остава пораки на нејзината телефонска секретарка. Според книгата, двојката започнале романса, а нивната врска продолжила во наредните две години. Анџелина го научила какво е чувството да го однесеш љубовникот во кревет и потоа да заминеш од него без збор. Тогаш Мик си ја најде жената на својот живот, но тоа не го спречило да се забавува со други модели и непознати убавици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma