Открите ја Серенгети

popara18 јули, 20121min00
serengeti

Во 1913 година големи пространства од Африка се уште не беа откриени од белците, кога Stewart Edward White, Американски ловец, тргна од Најроби. Одејќи према југ, тој запиша: ”Одевме со километри по изгорената земја…Тогаш видов зелени дрвја покрај река, одев уште две милји и се најдов во рајот”.

Тој ја откри Серенгети. Во годините по Белата екскурзија под име ”високата грациозна арка под небото без облаци на Африка”, Серенгети почна да го симболизира рајот за многу од нас. Масаи луѓето, кои го пасеа добитокот на пространата тревна ливада отсекогаш го мислеле истото. За нив, тоа беше Siringitu – ”место каде земјата се движи засекогаш”.

Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк, Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара Националниот парк во Кенија. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Две места се прогласени за Светско наследство и два резервати се етаблирани во регионот од 30,000 км квадратни. Единствениот еко-систем инспирира писатели од типот на Хемингвеј, филмски работници како и многу други фотографи и научници.

Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните карактеристики на климата, вегетацијата и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милион години. Раниот човек се појавува во Olduvai Gorge пред околу 2 милиони години. Некои начини на живот, смртта, адаптацијата и миграцијата се стари колку и планините и ридовите.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Преку милион гну-а и околу 200,000 зебри се движат јужно од северните брда во ју=ните полиња за време на краткотрајните дождови секој Октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и север после долгите дождови во Април, Мај и Јуни. Толку е силен исконскиот инстикт за движење што ниту крокодилите во реката не можат да ги одвратат.

Гну-ата се движат низ многу паркови, резервати и заштитени зони со различно однесување. Посетете ја Серенгети да откриете различни форми на вегетација и пространства од единствениот еко-систем и сретнете некои од фасцинантните жители на тоа подрачје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma