Актерката Кејти Холмс и нејзината ќерка Сури Круз учествувале во помала сообраќајна несреќа во Њујорк.
Холмс и нејзината ќерка се возеле во црн Мерцедес, кога ги удрил камион за пренесување на ѓубре. Според извештаите, во несреќата немало повредени.
Пред несреќата Кејти го напуштила спортскиот комплекс Челзи Пир во Менхетен.
Полицијата набрзо стигнала на местото на несреќата и ја документирала штетата на автомобилот. Според извештаите, камионот удрил во автомобил додека се движел наназад.
За време на увидот Кејти и Сури не биле присутни. Полицијата ги испрашала возачот на камионот и Мерцедесот.