Познатата оскаровка завршила во болница откако паднала на снимањето на новиот филм.
Хали Бери пренесена е во болница откако паднала и удрила со главата во бетонските скали. Бери за време на настанот се наоѓала на сетот на новиот филм ‘The Hive’ кој по несреќата е затворен.
Сеуште не се објавени детали од самата несреќа, ниту колку се сериозни повредите, но бројни обожаватели на талентираната актерка се надеваат дека станува збор за лесни повреди. Минатата година Хали исто така се повреди на едно снимање, ја скрши ногата.
Да ве потсетиме, во последно време актерката ги полнеше медиумите поради борбата за старателство врз четиригодишната ќерка, Нахла.