Новата мake-up колекција на Армани носи нежни и сензуални тонови на елеганција и слава…
Безвременската елеганција во голема мера е инспирирана од стилот на 80-тите години заживеала во новата make-up колекција на модна куќа Џорџо Армани.
Џорџо Армани Neo Classic за есен / зима 2012/2013 е базирана на нежни и сензуални нијанси кои ќе ја воодушеват секоја жена која држи до себе и својот изглед.
Инвентивната и софистицирана боја за усни прави чуда на усните, а Армани донесе три нови, нијанси на розово (Rose, Fashion Rose i Vintage Rose).
Елегантните look-ови на Армани се издигнуваат над потрошувачките трендови, клучниот збор е –класика! За есен тука се две палети must-have сенки за очи – Classic Ladies Black и Classic Ladies Brown.
Neo Classic е limited edition колекција, а во продавниците низ целиот свет ќе пристигне во август.