
Дека мажите се од Марс, а жените од Венера покажува и едно ново истражување во кое е истражувана машката и женската перцепција за романика. Додека за жените романтичен гест е држење за рака во јавност, мажите сметаат дека нивните партнерки ќе ги освојат ако им дозволат на ТВ да гледаат програма по своја желба.
Во анкетата, која е спроведена од страна на ланецот продавници “Sainsbury’s” учествувале повеќе од 2.000 луѓе, а главен заклучок е дека мажите сметаат дека за романтика е доволно да се занимаваат со домашните обврски кои не се типично машки. Одговори на прашањата “што е за вас романтичен гест?”, давале и мажи и жени, а разликите се очигледни веќе во првите неколку одговори.
Најбизарните работи кои мажите ги сметаат за романтични:
- Пеглање
- Миење садови
- Фрлање ѓубре
- Чистење на масата после јадење
- Ако на партнерката изненадно и пријдат од позади
- Воздржување од пуштање гасови во спалната соба
- Прифаќање за гледање на романтична комедија
- Подготвување на кафе или чај
- Да и дозволат на партнерката да бира што сака да гледа на ТВ
- Ставање алишта за перење
Работи кои жените ги сметаат за романтични:
- Готвење без претходна најава и прашања
- Слушање за тоа како го поминала денот
- Да се понуди да ги чува децата додека таа е на шопинг
- Држење за рака во јавност
- Оставање љубовни пораки низ домот
- Да се сети на годишнината
- Бакнеж пред да излезат од дома
- CD за во кола со нејзината омилена музика
- Придржување врата
- Подготвена топла купка за неа