Хранете се според обликот на телото

popara20 јули, 20121min00
oblik na telo

Секој од нас има различен облик на телото. Токму според него, може да се утврди која исхрана и кои вежби се најдобри и најефикасни.

Застанете пред огледало и забележете ја формата на телото. Што треба да јадете во зависност од таа форма?

Правоаголна форма

Ваквите девојки имаат ускладени рамена и колкови и долги екстремитети. Високите девојки треба да ги прават следниве спортови: аеробик, качување или брзо одење.

Жените со ваков вид на тело најчесто имаат добар апетит па затоа треба да внимаваат на правилната исхрана, која треба да изобилува со овошје и зеленчук.

Триаголна форма

Широк грб, тесни колкови, јако торзо, слаби нозе се карактеристики на девојките со триаголна форма на телото.

Кај овие девојки, килограмите најчесто се собираат во средината на торзото. Идеални вежби за ваквите девојки се боксувањето и други боречки вештини кои ќе ве одржат во здрава состојба.

Појадокот треба да ви биде најважниот оброк преку кој ќе внесете многу белковини, протеини, јаглеродни хидрати и витамини.

Крушка

Луѓето со тело во вид на крушка имаат тесни раменици и кратко торзо. Повеќето жени со вакво тело имаат симетричен врат, рамена и одлични зглобови кои треба да се истакнат.

Опасен дел од телото е половината, а тоа е воедно и единствениот дел од телото од кое најтешко се отстрануваат масните наслаги. Доколку не внимавате на внесувањето на токсини во организмот, се јавува можност за појава на целулит на нозете.

За овие луѓе преработената храна е забранета, а 6 чаши вода се задолжителни. Медитеранскиот начин на исхрана ќе ви помогне во намалувањето на килограми и одржување на линијата. Свежото овошје и салати ќе го спречат создавањето на целулит.

Аеробикот и пливањето се совршени спортови за луѓе со ваков облик на тело.

Песочен часовник

Ваквите девојки ги имаат вообичаените женски облини. Рамената и колковите се пропорционални, но тоа не значи дека овие девојки не се склони кон дебелеење и создавање целулит. Ваквите девојки мора постојано да се движат и имаат потреба од многу енергија.

Оброците треба да бидат урамнотежени и не треба да содржат ни најмалку слатки работи. Треба да изобилуваат со лесни протеини, рива и пилешко месо.

Најдобри спортови се тенис, одбојка, голф, трчање или пак скокање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag