Оваа интернет компанија забележала раст на профитот во последниот квартал, пренесуваат агенциите.
Профитот пораснал за 11%, на 2,79 милијарди долари, додека целокупните приходи скокнале за 35% во споредба со истиот период од минатата година.
Извршниот директор Лери Пејџ, изјавил дека компанијата имала силен квартал во кој лансирале и многу нови производи, пред се Nexus 7 таблетот кој наиде на позитивни критики.
„Овој квартал е посебен и поради тоа што Моторола стана дел од семејството и возбудени сме што ќе можеме да направиме многу нови производи за нашите корисници“, додал Пејџ.