Тестовите за интелегенција се мерило за мотивација исто колку и за менталните способности, покажало едно американско иснтражување. Истражувачите од Пенсилванија откриле дека високиот резултат на IQ тестовите, барале висока интелегенција, но и висока мотивација, додека слабите резултати се последица на било кои од овие два фатора.
Стиммулите од животната околина исто така може да ги зголемат резултатите на овие тестови.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија пред се ги анализирале предходните студии за материјалните стимули и нивното влијание на однесувањето на 2000 луѓе кои полагале такви тестови.
Тие откриле дека материјалниот стимул ги подобрил резултатите на сите учесници. Потоа истражувачите тестирале како мотивацијата влијае на резултатите од тестовите на интелегенција и на предвидување на степенот на интелегенцијата во иднина.
Користејќи ги податоците од една долгорочна студија спроведена над 250 момчиња од адолесценција до полнолетство, заклучиле дека некои поединци се поупорни од други.
Затоа истражувачите сметаат дека, потпирањето на резултатите од тестовите за мерење на интелегенција, не може да помогнат во проценување на иднината на интелегенцијата на личноста и нејзиниот развој.
Постигнување високи резултати на IQ тестовите, бара висока интелегенција, но и висок натпреварувачки дух, за да испитаникот биде мотивиран и да даде се од себе.