Јужнокорејскиот производител на електронска опрема Samsung се позиционираше далеку пред американската компанија Apple на пазарот на паметни телефони.
Благодарение на големата побарувачка за Galaxy S III, кој беше лансиран во месец мај, оваа компанија ја зголеми предноста во второто тромесечие со 50 милиони продадени уреди од овој телефон, додека во истиот период биле продадени 30,5 милиони примероци од iPhone, покажала анализата на Ројтерс.
Samsung се наоѓа на првото место на листата најголеми произведувачи на мобилни телефони, место кое некогаш и припаѓаше на финската компанија Nokia.