Брачен пар од Полска толку многу брзал за своето летување, што ја заборавиле својата 2 годишна ќерка на аеродром, бидејќи и истекол пасошот.
„Тешко е да се каже зошто тоа го направиле родителите. Сигурно ќе ги провериме сите околности кога ќе се вратат од летувањето“, изјавиле од локалната полиција.
Веројатно од страв да не го и спуштат авионот и не им пропадне летувањето кои го уплатилеродителите на брзина ја предала својата ќерка на персоналот на аердромот, додека не дошле бабата и дедото. Од аеродромот веднаш била повикана полиција, која пак не исклучува дека овој случај може да се појави на суд.
„Доколку се докаже дека во било кој момент на детето му биле загрозени здравјето и животот на родителите им се заканува казна затвор од пет години“, изјавиле од полицијата.