Бројот на сиромашни граѓани во САД достигна 15,7% што е најлош показател во последните 50 години.
Анкетата во која учествувале економисти и обични граѓани покажала дека оваа година бројот на сиромашни во САД ќе достигне 15,7%, што е најлош показател од 1965 година.
Експертите тврдат дека програмите на владата нема да бидат во состојба да се изборат со сиромаштијата и укажуваат дека треба да се промени етиката во компаниите, кои се обидуваат да заштедат на платите на вработените, а не разбираат дека и самите тие од тоа ќе трпат штета.