Еден маж од американската држава Џорџија овој викенд го поминал во критична здравствена состојба, бидејќи дозволил другарите да му ја запалат главата.
Според првичните извештаи се сметало дека Вилијам Бонер (36) учествувал во тепачка, поради која противниците му го запалиле лицето.
Сепак безбедносните камери од ноќниот бар покажале нешто сосмеа друго. На снимката Бонер од своите пријатели побарал да му истурат на главата Бакарди 151 и да го запалат. Таа вечер тој се обложил со своите приајтели да му го направат тоа.
Пријателите од втора успеале да му ја запалт главата, а Бонер панично се обидувал да го изгасне оганот.
„Мислев дека човекот е луд. Сум видел многу работи луѓето да прават кога се пијани, но ова не сум го видел никогаш. Не сум видел некој да си ја запали главата“; изјавил менаџерот на барот.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_c-6bGtzWdw