Секоја девојка, жена сака да му удоволува на својот сакан, да му помага, да ги слуша неговите потреби, да му ги исполнува ситните желби, да го теши…Тоа е нормално, но некогаш границата може несвесно да се премине. Премногу внимание, мазење и галење може да доведе до тоа да му станете замена за неговата мајка. Внимание!
Како што веќе ви кажавме, нормално е партнерите во врска да се грижат еден за друг. Партнерот е важна личност во вашиот живот и со желбата тој да биде среќен, правиме се за да му помогнеме во секој момент. Но некогаш во тоа знаеме и да претераме. Некои девојки, жени на своите дечковци, мажи, покрај тоа што им перат, пеглаат, чистат и го обавуваат сите домашни обврски, тие им го подготвуваат секој оброк, им смислуваат комбинации за облекување, им кажуваат кога да се вратат дома, ги бараат на секој половина час додека се во друштво со пријателите…Сето ова всушност го прават мајките.
Иако можеби на почетокот на врската тоа делува симпатично и на никој не му пречи, подоцна од ова може да настане проблем. Жените кои глумат мајки на своите партнери почнуваат да се жалат дека тој ишто не може да направи без неа, дека таа постојано мора да се грижи за него и да внимава на секој негов чекот. Тој се жали дека неможе да мрдне без неа, таа го гуши и не го остава на мира, и покај тоа тој е убеден дека таа мисли дека он е неспособен за живот без неа.
Ако забележите на себе дека се однесувате како мајка, престанете со време. Не само што ова го гуши твојот партнер, туку нема да можеш да му бидеш привлечна кога во тебе гледа замена за својата мајка. Остави го да се грижи сам за себе и биди му вистинска девојка. И секако, оставете го и тој да се грижи за вас исто колку вие за него.