
“Пријателство со бенефиции” стана многу популарно во последно време, бидејќи е комбинација на предностите од врските, како редовен секс и пријателство, а не вклучува љубомора, расправии и други недостатоци на емоционалните односи.
Без разлика дали причината е забрзаното темпо на живот, неможноста да се најде идеален партнер или неподготвеност за емоционално поврзување и во ова повластено пријателство треба да се следат одредени правила, затоа што во спротивно односот ќе се трансформира во нешто што сакавте да го избегнете во “вистинскиот однос”.
Пред “склопување” на ова пријателство, важно е да го решите неговиот статус и да ги ограничите емоциите. Значи, доколку сте „friends with benefits“, тогаш во ваквиот однос нема место за емоции и љубомора, а важно е да утврдите дали е “дозволено” гледање на други луѓе.
Искреноста во овој тип на врска е многу важна. Раговорите мора да бидат отворени и без премолчување на работите, бидејќи тоа е единствен сигурен начин секој да го добие она што го сака или барем ќе знае на што е доколку исполнувањето на желбите е невозможно.
Сепак, лесните теми се многу посоодветни за овој тип на врска и во разговорите не би требало да започнувате теми кои се подалеку од она што ве поврзува, бидејќи за сериозните разговори имате вистински пријатели.
Иако на почетокот сте ги утврдиле правилата на игра, сепак е потребно понекогаш да утврдите дали нешто се сменило во вашиот однос, за да избегнете ситуација во која едната страна почнала да покажува емоции.