Повторно почнаа шпекулациите за приказната за Фејсбук телефонот.
И предходно оваа година можевме да читаме за тоа дека социјалната мрежа работи со HTC за да произведе телефон кој ќе се појави под брендот Facebook.
Позади најновите информации за овој проект стои Блумберг, кој пишува дека телефонот кој и порано бил најавен ќе требал да се појави кон крајот на годината, ќе се одложи, бидејќи сега FB развива и свој сопствен модифициран OS.
Сепак ниту двете компании не ги потврдиле овие информации.