Како да ги прочитате машките мисли?

popara26 јули, 20121min00
youngmanthinking

Не е лесно да ги разберете припадниците на спротивниот пол. Затоа ви претставуваме неколку начини да ги протолкувате нивните сигнали.

Мажите долго ќе ја паметат жената чиј изглед им се допаднал. Привлечете им го вниманието со некој детал и бидете сигурни дека долго ќе се мотате во неговата глава.

Повремено ќе се присетат на некоја девојка (можеби и на вас) и мистериозно ќе се смешкаат. Тоа не значи дека тој ќе ве изневери и затоа немате причина да се нервирате.

Сакаат порнографија

Мажите ги обожаваат жените. Затоа немојте да им замерите ако уживаат во порнографија.

Тие за порнографијата не размислуваат како жените и не можат да се сетат и за време на сексот.

Не треба да многу да се вознемирувате, бидејќи тоа не значи дека не ве сака. Само е љубопитен.

Размислуваат за пријателите

Вашиот дечко сигурно размислува за пријателите. Ако седи и се смее без причина, веројатно се присетил на некоја смешна ситуација која ја имал со другарите.

Имајте на ум дека мажите во друштво се како ученици кои зборуваат за жени, ги коментираат мунивачите и се смејат на шегите.

Многу размислуваат за своето его

Мажите многу мислат на себе. Кога ќе ви каже дека не му е до тоа да ви зборува што му се случило дента, знајте дека работите сака насамо да ги анализира за некој проблем или да се радува за некој успех.

Немојте да се изненадите ако го фатите да зборува сам со себе.

Мисли на игри

Мажите сакаат да играат видео игрици. Дури и кога не играат, размислуваат често за тоа што би можеле да направат за да пласираат подобро во игрите.

Ќе се случи и да бидат целосно незаинтересирани да разговараат со вас, ако дома ги чек нова игра.

Не размислува на ништо

Мажите некогаш не размислуваат на ништо. Делуваат како некое зомби, загледани во една точка. Тоа е нивниот начин да се опуштата и да ги избегнат проблемите.

Како да ги разберете мажите?

Она што не го знаете, не може да ве повреди. Всушност, зошто би се нервирале за тоа што тој размислува за некоја порно актерка, кога тоа воопшто не е важно.

Тоа се само пропратни мисли кои не кажуваат дека тој не ве сака.

Ако тоа сепак ви пречи, најдобро би било да возвратите со иста мерка и да одвоите време за себе, кога ќе бидете загледани во една точка и мистериозно ќе се смешкате.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma