Зошто ни е тешко да му откриеме на партнерот што сакаме во спалната соба? Ние жените сме неверојатни суштества. Додека од една страна со леснотија ги изразуваме своите чувства, често за себе ги задржуваме своите желби.
Ова особено се однесува на она што го сакаме во спалната соба… Вистина е дека имаме многу тајни за тоа што сакаме, и што не сакаме од партнерот во сексот. Мажите затоа често се во заблуда за нашите желби, па ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, откријте му ги своите тајни…
Еве пет најчести сексуални тајни кои ги чуваме само за себе:
1.Не ни е до секс кој трае со часови
Многу мажи мислат дека за задоволување на жената, важна е издржливоста, па затоа понекогаш како маратонци со часови водат љубов. Проблемот е во тоа што долгито секс не заморува (и прилично е болен). Всушност сакаме мажите да знаат да не задоволат без прекумерно одложување, по можност помалку од половина час.
2. Понекогаш ни е само до секс, а не до роматика!
Иако сите бараме романтичен маж, кој ќе води љубов со нежна музика и светлина од свеќи, понекогаш сакаме суров секс. Романтиката е важен дел од сексуалното искуство, не постојат моменти кои не се премногу романтични, а ни го одземаат здивот. Нели е возбудливо кога во еден момент ќе ја фрлите облеката од вас и имате секс набрзина?
3. Сакаме кога мажот ќе ја превземе контролата
Вистина е, барем ако станува збор за сексот – сакаме кога мажите го имаат главниот збор. Не ги сакаме оние кои не знаат што со самите себе во креветот, а камоли со нас…Мажот би требало да знае што не возбудува и тоа би требало да го практикува во спалната соба, а не би смеел да биде срамежлив и да чека да му нацртаме што сакаме.
4. Сакаме да пробаме нови работи
Иако имаме различни сексуални фантазии, не е лесно да ги изговориме. Можете нему да му препуштите да ја превземе иницијативата и да извлече од вас се што посакувате или можете и себе си и нему да му го збогатите сексуалното искуство и сама да предложите нешто ново.
5. Зошто не наутро?
За мажите знаеме само дека се обично подготвени за секс за помалку од една минута, а нам обично ни е потреба предигра. Од таа причина мажите мислат дека на жените не им е до секс на брзина наутро. Но, вистината е дека нам овој секс ќе ни го разубави денот…