Линдзи наводно во бегство од папараците се удрила во автомобил на семафор. Ова и е втора незгода со истиот автомобил.
Линдзи Лохан се залетала во автомобилот на семафорот отако не успеала да закочи. Актерката и нејзините пријатели бегале од папараците, така што не требало многу за да дојде до ова.
“Чекавме на семафор, а потоа почувствувавме удар”, изјвил возачот на Мустангот во кој удрила Линдзи.
Актерката не излегла од автомобилот, останала во него, а нејзиниот пријател оставил контакт телефон.
Познатата Линдзи веќе пред неколку месеци имала сообраќајна несреќа откако со истиот автомобил се забила во камион.