ЗА или ПРОТИВ летни авантури

popara27 јули, 20121min00
letna avantura

Пред да да се впуштите во летна авантура, имајте на ум дека врските на летување имаат посена магија, но само до “заоѓањето на сонцето”.

Ако одите на одмор со друштво, големи се шансите на плажа во еден момент да ви пријде некој згоден дечко или девојка. Што ќе направите?

Ако ви пријде, уште поголеми се шансите да ве повика да излезете. И што тогаш? Сигурно во овие моменти ви поминуваат низ глава милион причини “ЗА” (сладок е, згоден, шармантен) и “ПРОТИВ” (одморот трае десет дена, ако се заљубите до уши, што ако е кретен, не го познавате и не знаете ништо за него, дома ме чека постојан партнер)…

Ако одлучите да излезете со некој кој сте го запознале тоа утро на плажа, не претерувајте со алкохол. Потребна ви е “ладна глава” и добра моќ на расудување. Обавезно кажете им на останатите од друштвото каде ќе бидете.

Ако сте во град кој не го познавате, бирајте места каде има луѓе. Исто така, ако летувате во странство, водете сметка за локалните обичаи и однесувајте се во согласност со нив.

И најважно, ако одлучите да се впуштите во летна авантура, никогаш, стварно никогаш немојте да имате односи без заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma