Крис Браун и Ријана се бакнувале на приватна забава во Сен Тропе, на јахта на милијардер од Малезија.
Американските медиуми пишуваат за романсата на поранешната двојка која се случила на приватна забава. Очигледно не губеле време на тајната вечера во неделата, каде пламнала љубовната искра и запалила нови страсти.
Двојката е многу внимателна кога се појавуваат во јавноста. Скоро никаде не се појавуваат заедно. Но, затоа се опуштиле на приватната забава која била наменета за тесен круг на пријатели.
Со оглед тоа што нивните бакежи не се забележани со фотоапарат, останува дискутабилна автентичноста за враќање на романтика, но “каде што има чад, има и оган”.
Во последно време поминуваат премногу време заедно, па ваквите тврдења дефинитивно имаат смисла. Само се надеваме дека нивната обновена романса нема да заврши како онаа претходната – со претепување на пејачката.