Некогаш не е потребно многу за да го зачините својот сексуален живот, а еве на ова прашање што мисли и екпертот по сексологија Логан Левкоф.
Меѓусебна мастурбација – доброто е дека ќе откриете што најмногу сака вашиот партнер. Тоа е одличен начин да ја ублажите сексуалната глад, дури и кога не сте разположени за водење љубов.
Кажете отворено што сакате – дури и најлудата секс фантазија треба да ја споделите со партнерот. Ослободете се од срамежливоста и ќе бидете на еден чекор до остварување на вашите фантазии.
Променете го репертоарот – многу двојки се препуштаат на рутината, па така постојано сексот се сведува само во спалната соба и една поза. Проширете ги видиците и бидете подготвени за промени.
Никогаш не глумете оргазам – се додека го правите тоа многу потешко ќе доживеете вистински оргазам. Опуштете се не размислувајте дека треба да го задоволите другиот. Само уживајте и бидете искрени кон себе и партнерот.