Терминот садо-мазохизам е добиен од зборовите садизам и мазохизам. Овие два термини го добиле името според Marquis de Sade и Leopold von Sacher-Masoch, и се базирани според содржината на делата на “авторите”. Овие дејствија се многу честа мета на критики и негодувања поради нивната големаконтроверзност.
Исто така постојано се наоѓаат на спротивната страна на предрасудите, клишеата и стереотипите. Терминот садизам се однесува на постигнување на сексуално задоволство преку нанесување болка, деградација, понижување на друга особа. Од друга страна мазохистот ужива во спротивното: да прима болка, да биде понижуван/а. Садист или мазохист може да биде лице и од машки и од женски пол. Садо-мазохизмот не се однесува на нанесување или примање на болка во други ситуации како на пример инцидентна повреда, медицински процедури и сл. Примери за садо-мазо активности се : камшикување, физички удари, врзување со лисици, јажиња, синџири, штипење, гризење, гребење со нокти, плескање по задник, користење на жежок восок, коцки лед итн. Постојат и лица кои садо-мазохизмот го претвориле во професија и ги исполнуваат потребите на лицата кои практикуваат вакви активности.
Психолошки/Психијатриски аспект: Во минатото садо-мазохистичките активности беа одбележани како патогени појави. Според Интернационалната Класификација на Болестите садомазохисмот беше категоризиран како Нарушување на сексуалните преференци. Во 1994 според Прирачникот за Дијагностицирање и Статистика на Менталните Нарушувања, се појавија нови критериуми на дијагностицирање каде садо-мазохизмот не се опишува како растројство на сексуалните преференци. Исто така не се сметаат како болести сами по себе. Според последните измени, доколку единствените начини на сексуално задоволство се садо-мазохистички дејствија во период подолг од шест месеци и е причинител за клинички значајно нарушување на социјалните, работните и други области на функционирање, тогаш се смета дека личноста страда од парафилија.
Во Европа, Данска стана првата земја од Европската Унија која во 1995 година го тргна садо-мазохизмот од листата на ментални болести. По тоа следеа Шведска (2009) и Норвешка (2010). Според понови истражувања 5-25% од популацијата се склони кон оваа појава.