Колку често забележувате дека сте несреќни и размислувате да ставите крај на врската? Но, сепак се плашите од осаменоста и скршеното срце! Еве какон мудро да се одлучите, да ставите крај на депресијата и повторно да ја пронајдете среќата.
Сите се плашиме од самотијата и тешко е да се фатиме во костец со одлуката дека повеќе нема секојдневно да гледаме некого кој ни значи.
Постојат пет стравови од раскинувања кои не спречуваат да вложиме во среќната иднина, но и чекори со кои можеме да ја намалиме штетата.
Стравовите поради кои го одложуваме неизбежното се:
Страв од болка
Кога сакате некого, раскинувањето боли. Партнерот/партнерката можеби повеќе не чувствуваат толку голема љубов. Тоа може уште повеќе да ве уплаши бидејќи ќе кажете дека врската вака, повеќе нема смисла, а другата страна ќе рече дека е време да раскинете.
Опоравувањето е долго и тешко
По раскинувањето со личноста која сеуште ја сакаме, опоравувањето трае подолго. Поради овој страв луѓето често ја одбираат несреќната врска отколку среќната самотија.
Љубомора
Ако сте сигурни дека на саканата личност повеќе не и значите , дури и чувствувате дека има некој/а друг/а, по лутењето и чувството на немоќ ќе се разбуди љубомора. Некои луѓе се ќе стават под тепих за самите себе да се поштедат од тешки чувства.
Нема враќање
Кога еднаш ќе кажете што се ве мачи, враќање нема. Иако знаете дека сте постапиле правилно, длабоко во себе се плашите од чекорот во непознато или од ветувањето на партнерот дека ќе биде подобар па ќе морате да се обидете да ја спасите врската.
Избегнете го чекорот наназад
Нема ништо полошо од врска во која партнерите малку раскинуваат, па малку се враќаат еден кон друг. Држете се до одлуката која што ќе ја донесете. Ако сеуште го сакате партнерот, веројатно чувствувате дека имате многу да изгубите, но има само еден вистински пат и мора да ги совладате чувствата.