Elie Saab, Prabal Gurung, Michael Kors и бројни други диајнери ќе ги позлатат претстојната сезона есен/зима.
Сјајот и блескавоста на златото и шљокастите детали ги красат фустаните на многу светски дизајнери за претстојната есен-зима сезона. Златните фустани веќе го освоија и црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, што е само лесно загревање за луксузната есен. Во галеријата фотографии погледнете ги прекрасните креации на Elie Saab, Prabal Gurung, Michael Kors, Paco Rabanne и Giambattista Valli.