Филмското студио Paramount Studios го прослави својот 100ти роденден на навистина посебен начин.
Тоа го направил со фотографија на која се наоѓаат некои од најголемите имиња во Холивуд. Интересни се бројките – сите заедно освоиле 124 Оскари, а на кино благајните на оваа куќа заработиле 103 милијарди долари.
Меган Фокс, Ричард Гир, Мерил Стрип, Том Круз, Леонардо ДиКаприо, Антонио Бандерас, Шарлис Терон – се само некои познати имиња кои се наоѓаат на оваа масовна фотографија.
Замислете да се најдете тука во овој момент меѓу сите овие познати фацки!