Лавмор Манјика 22 годишен крадец од Зимбабве, побарал од судот да биде осуден на доживотна робија, бидејќи смета дека позади решетките ќе му биде многу подобро отколку на слобода.
Младиот криминалец во текот на судењето кое требало да му ја намали казната, на лист хартија напишал дека сака засекогаш да остане во затвор.
„Животот во затвор е подобар од животот на улива. Може ли да добијам доживотна казна?“, пишувало во пораката која ја прочитал обвинителот.
Судот сепак не му ја остварил оваа желба, а криминалецот бил осуден на три години затвор.