Дали знаете кој дел од женското тело е предмет на најголем број дискусии?! Вагината! Меѓутоа, без оглед на тоа, жените се уште не знаат се за својот најинтимен дел од телот… прочитајте ги овие седум работи кои можеби не сте ги знаеле за женскиот полов орган.
Колку подобро го познавате своето тело, ќе имате повеќе самодоверба, а доколку добро го познавате својот најинтимен дел од телото, ќе доживеете и поголемо сексуално задоволство. Доколку не сте сосема сигурни дека ги знаете сите мали тајни на вагината, ние ви составивме мал водич со кој верувам дека многу ќе ви помогнеме.
Точна локација
Можеби е зачудувачки, но некои жени не знаат каде точно се наоѓа вагината, односно мислат дека овој поим се однесува на сите делови кои се наоѓаат под струкот и помеѓу нозете. Деловите кои се наоѓаат доле покрај вагината се вулвата, односно Венеричниот брег, малите и големи срамни усни, клиторисот, предворјето на вагината со големите и мали лојни и потни жлезди, а вагината е преминот помеѓу вулвата и долниот дел од матката.
Вагините се различни
Иако секоја жена има исти делови од телото, овие интимни делови сепак не се сосема исти кај сите дами. Од внатрешната страна вагините најчесто изгледаат исто, но другите делови од надворешната страна на вулвата може да варираат во поглед на својот изглед. Така, на пример, малите и големи срамни усни можат да бидат со различна големина, должина, па дури и боја.
Чувствителност
Ако не сте знаеле, вагината не е толку многу чувствителна. Вистински пример за тоа е пораѓањето, кога за да може бебето да излезе, вагината се шири седум до десет сантиметри. Значи, иако со неа треба да се постапува нежно и внимателно, вагината е цврст и силен дел од телото.
Треба да се вежба со неа, како и со остатокот од телото
Ако редовно вежбате и внимавате на здравјето на телото, на тој начин правите добро и за својата вагина. Вежбањето на пубококсигеналниот мускул помага за цврстината. Најчесто за вежба на овој мускул се споменуваат т.н. Кегелови вежби со кои овој мускул се контрахира, односно стиска и опушта. Овие вежби помагаат за зацврстување на дното на карлицата, а помагаат и при лечење на инконтиненција и заздравување на тонусот на мускулите по пораѓањето. Истите се наречени според др. Арнолд Кегел, гинеколог кој е и креатор на овие вежби.
Внатрешен изглед
Дали знаевте дека внатрешноста на вагината има ситни фалти, како оние кај класичните завеси? Кога ѕидовите на вагината треба да се раздвојат и отворат, како на пример при ставањето на тампон, наборите се издолжуваат и шират. Истиот процес се случува и при секс и пенетрација.
Создадена за задоволство
Сексот ни помага да се ослободиме од стресот, да се почувствуваме сакано, да се поврземе со партнерот и едноставно да почувствуваме задоволство. Клиторисот е еден од двата органи во телото на жената кој има само една функција, а тоа е уживање и сексуално задоволство, пренесува “T portal”.
Хигиената на прво место
Без оглед на тоа што многу жени имаат чувство дека овој најинтимен дел од телото се валка постојано и затоа стравуваат од разни мириси за време на сексот, сепак вагините се чисти. Всушност, вагината нема потреба од никакво посебно одржување во поглед на хигиената затоа што постои природен процес на самочистење.