Начинот на кој жените ја користат шминката зборува многу за неа, тврди Синтија Крист. Всушност, забележано е дека жените при нанесување на карминот на усните тоа го прават на различни начини што за резлутат има и единствен облик на самиот кармин кој може да послужи како водич во тајната на личноста на жената која го носи.
Забележани се осум основни облика на кармин и за секој од нив се врзуваат одредени особини на личноста. Направете го овој мал тест и ќе дознаете нешто за себе и пред се одлично ќе се забавувате.
- Многу сличен на оригиналниот облик – се работи за многу организирана личност која сака да ги следи правилата, склона на правење распоред на кој се придржува. Не сака да биде во центарот на вниманието.
- Рамен врв – овој облик укажува на личност која веднаш преминува на суштината на работите, остар ум и високи морални принципи, ужива во различни видови на предизвици. Малку е козервативна, но многу сигурна. Многу е важен изгледот и понекогаш се грижи за својот настап пред луѓето.
- Остар врв – жените кои имаат кармин со ваков облик се многу смели и тврдоглави. Не сакаат правила и распореди. Уживаат во внимание и се многу пребирливи кога е во прашање изборот на пријатели. Уживаат во излегување и забава, а кога е потребно секогаш имаат добри аргументи за своите ставови и одесување.
- Тапо вдлабнат врв – таа е голем авантурист кој ужива во возбудата и лесно склопува пријателства. Се работи за многу радознала и комплексна жена која по потреба може да биде одличен детектив кој не сакате да го предизвикате.
- Малку заблен врв – многу атрактивна дама, секогаш смирена и опуштена во својот пристап. Миротворец со голема душа која едноставно морате да ја сакате.
- Врв со две остри страни – го сака животот и секогаш бара нешто ново. Таа е радознала и помалку мистериозна, а нејзиното големо его постојано бара внимание. Често е склона да го избере полесниот начин и едноставно решение.
- Конусен врв – таа е мила и симпатична, насочена кон семејството. Понекогаш знае да претера, особено кога се работи за мали и безначајни работи. Секогаш води сметка за потребите на другите. Она е таа која превзема акција кога и треба.
- Остар, вдлабнат врв – таа е ентузијаст со голем креативен потенцијал, полна со енергија и многу зборлеста. Лесно заљублив тип кој сака внимание. Секогаш е тука кога ви треба помош. Сака планинарење, но никогаш не се придржува до плановите.