Мажите наутро имаат највисоко ниво на тестостерон и затоа често се будат со ерекција, особено оние помладите кои ќе се изјаснат дека го обожуваат утринскиот секс. Кај жените ситуацијата со утринскиот секс не е толку едноставна и зависи од нивното расположение, иако постојат и жени кои генерално сакаат “утринска гимнастика”…Ние ви носиме неколку факти кои можеби ќе ве натераат да го засакате утринскиот секс:
- Ќе бидете весели до крајот на денот. Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа. Можеби вашите колеги ќе ве прашуваат која е тајната за прикриената насмевка на вашето лице, па обидете се да не ја издавате.
- Ќе се радувате на посилен имунитет. Утринскиот секс го подобрува здравјето преку подобрување на вашиот имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.
- Ќе добиете нова доза адреналин. Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.
- Нема потреба од предигра – тој веќе е спремен за акција. Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.
- Ве разубавува. Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.
- Ве зближува со партнерот. Сексот придонесува за лачење на окситоцин, хормонот на зближувањето. Партнерите кои се будат со игра меѓу чаршафите се чувствуваат поприврзани и позаљубени во текот на денот.