38 годишен анестезиолог од болница во југоисточна Кина стана мета на јавноста откако се дозна дека сексуално злоставувал своја пациентка која се уште не била разбудена од анестезијата.
Локалните медиуми јавиле дека тоја е осуден на две години и два месеци затворска казна, но казната според јавноста е премала.
Анестезиологот присуствувал на операција која се случила на 19 март оваа година, а подоцна додека пациентката се уште била под дејство на анестезија тој ја силувал. Идентитетот на пациентката не е откриен.
Кога пациентката се разбуила се чувствувала чудно и веднаш повикала полиција.
Полицијата ја открила шокантната снимка од надзорните камери.