Не постои магична формула или пак напиток со кој ќе успееме да освоиме секого, но постојат неколку трикови кои може да ни го олеснат заведувањето на саканиот маж.
Американските експерти откриле дека за привлекување на мажите доволно е само мала промена во однесувањето. Однесувајте се кон сите мажи еднакво!
А тоа значи дека еднакво расположение, комуникативни мора да бидете додека разговарате и со оној кој ви се доаѓа, но и со оној кој не мириса баш најдобор. Се разбира со ваквото однесување ризкувате да бидете повикани на некој непосакуван состанок, но тоа е мала жртва, а вие лесно ќе се ослободите од оние кои не ви се допаѓаат.
Со ваквото неселективно однесување околу себе ќе создадете позитивни вибрации, а тоа најмногу ги привлекува мажите. Ако момчето кое ви се допаѓа види дека сте комуникативни и забавни кон другите, полесно ќе ви пријде и ќе започне разговор со вас.