Во исчекувањето на новиот мобилен од Apple веќе и продавниците почнаа да шпекулираат за неговата цена, а најновите гласини се дека iPhone 5 ќе чини 800 долари.
На социјалната мрежа Твитер се објавија над десетици илјади постови за цената на новиот мобилен телефон, за веќе според многумина таа е превисока.
Лавината коментари наводно ја покренал еден кинески каталог каде всушност е наведена таа цена, а компанијата Apple се уште не дала никаков коментар или соопштение.