Се започнало од стар домашен рецепт до кој случајно дошол прадедото Паскал Миш кој денес комерцијализира 34.000 шишиња годишно од овој еликсир на својот имот во Квебек.
Овој 40-годишен човек кој живее во Канада, а потекнува од Белигија, има необично лозје на кое не одгледува грозје, туку неколку видови на домати кои самиот ги избрал.
Овој поранешен месар вели дека почнал да одгледува “вински” домат пред седум години.
“Сакав самиот да го завршам она што мојот дедо го започна”, за време на 30-тите години од минатиот век, раскажал Миш кој на своите домати им посветува исто толку внимание колку што посветуваат луѓето кои одгледуваат грозје.
Миш своето вино, за чие производство, од нива до флаширање, е поребно да поминат девет месеци, го нарекол “Омерто” во чест на прадедото Омер.
Виното, со златна боја, содржи 18% алкохол и нема ниту малку вкус на домат, а се продава по цена од 25 долари за шише.
Виното од домати за сега е комерцијализирано само во Канада, но Миш се надева дека наскоро ќе се најде и на американскиот и европскиот пазар.