Неколку дена пред веќе очекуваното претставување на новиот iPhone, Samsung ќе го открие новиот мобилен и таблет во Берлин.
Новиот Galaxy Note ќе го претставиме во Берлин ана 29-ти август, изјавил портпаролот на компанијата за Ројтерс.
Како што пренесоа медиумите новиот Galaxy Note ќе има 5,5 инчен екран, побрз процесор и подобрена камера. На него треба да се најде и најновата верзија на Андроид.
Битката меѓу Samsung и Apple продолжува, покрај тоа што првата команија ја надмина втората во испораката на новите уреди, нивната борба продолжува и во судовите.