Негувајте ја косата со авокадо, мајонез и домашни препарати.
Летното време е виновник за прекумерно потење поради што е неопходно често да се мие косата. Секојдневното миење на косата ги уништува нејзините природни масла, а шампоните и регенераторите за коса содржат хемикалии и синтетички адитиви. Регенераторот ја штити косата, а за сува и оштетена, како и за масна, најдобро е да користите природни регенератори кои можете сами да си ги направите од природни состојки.
Авокадо
Авокадото е една од најчесто користените намисници за нега на коса. Можете да го помешате со маслиново масло и да додадете неколку капкиетерично масло од лаванда или рузмарин. Смесата нанесете ја на врвовите на косата, оставете да отстои 10 минути, а потоа исплакнете.
Авокадото измиксирајте го со кокосово млеко додека не се добие густа смеса како шампон, оставете на коса 15 минути, а потоа исплакнете.
Измешајте мајонез со авокадо и оставете на коса 20 минути.
Јајца
Истолчете ја белката од јајцето и додадете една лажица маслиново масло и измешајте. Додадете вода и измасирајте на глава по миење на косата, а потоа исплакнете.
Мајонез и јогурт
Мајонезот или јогуртот може да го користите самостојно или во комбинација со други намирници. Нанесете мајонез на мокра коса и покријте ја главата со топла крпа, оставете да стои 20 минути и на крајот измијте ја косата со шампон. Во смесата може да додадете и истолчено овошје, како диња, манго, авокадо или банана.
Оцет
Оцетот го отстранува првутот и се препорачува за чувствителен скалп и нормално масна коса. Русокосите можат да користат бел оцет, бринетите јаболков, а црвенокосите вински оцет.
Направете смеса ос билки (камилица, коприва, слез, невен), оцет, неколку капки етерично масло и дестилирана вода. Со смесата измијте ја косата и лесно масирајте ја главата и оставете да отстои барем пет минути пред да исплакнете со вода.
Зелен чај
Во зовриена вода натопете кесичка зелен чај, а откако чајот ќе се олади, отстранете ја кесичката и исплакнете ја косата со чајот. Оставете да стои три минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
Мед
Измешјате мед и вода, нанесете на косата и добро исплакнете со топла вода.
Измешајте банана и мед и нанесете ја смесата на влажна коса, оставете да стои околу 30 минути, а потоа темелно измијте.